| четврток, 6 декември 2018 |

„Матица“ ѝ подари 1.000 книги на библиотеката во општина Илинден

„Матица македонска“ подари 1.000 книги на библиотеката во општина Илинден, со што почнува акција за збогатување на библиотечнит фонд во повеќе населени места во земјава.

Книгоиздателството „Матица“ ги подарува книгите во рамките на традиционалната манифестација „Подарете книга за велигденско јајце – симбол на Христовото воскресение“.
Во колекцијата се наоѓаат дела од македонски писатели, научници, преведувачи и општествени публицисти кои своите книги ги објавиле кај овој издавач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top