| четврток, 6 декември 2018 |

Бензините повторно ќе поскапат во понеделник?

benzin
Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика донесена минатиот понеделник, дизелот поскапе за 3 денари, а бензините за 2 денари по литар. Сепак поради растечкиот тренд на цената на нафтата на светските берзи, се претпоставува дека наредната недела цената на нафтените деривати ќе доживеат повторен раст.
Имено американската нафта за испорака во јули вчера на берзата во Њујорк се продаваше за цена од 49,19 долари за еден барел.
Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија вчерашното тргување го заврши на ниво од 50,1 долари за барел.
Оваа цена е за долар и половина повисока од просечната цена врз основа на која се формираа малопродажните цени минатиот понеделник.
Наредната корекција е закажана за 13 јуни. Ако се задржи ваквиот тренд на цените, тогаш за очекување е поскапување за околу 1 до 2 денари по литар.
Иако во моментов цената на нафтата бележи стагнација, предвидувањата се дека таа ќе расте кон средината на летото. Во таква ситуација, за верување е дека за летните одмори, ќе полниме гориво по 70 денари за литар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top