| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица приведени во врска со нападот во Истанбул

turcija terorizamТурската полиција денеска уапси четири лица во врска со нападот извршен со автомобил-бомба во Истанбул, во кој загинаа 11 луѓе.

Четворицата осомничени се однесени на сослушување во седиштето на полицијата во Истанбул.

Истовремено, турската агенција Доган наведува дека осомничените го изнајмиле автомобилот кој е употребен во бомбашкиот напад.

Во денешниот напад врз полициско возило во центарот на Истанбул загинаа најмалку 11 лица, меѓу кои седуммина полицајци, а 36 се повредени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top