| четврток, 6 декември 2018 |

Бора Чорба итно пренесен во болница

Легендарниот музичар Бора Џорџевиќ (63) за време на престојот во Словенија, паднал од велосипед и ја скршил клучната коска.

чорба 1

Се уште не е познато како дошло до падот од кој се здобил со сериозни повреди. Музичарот неодамна по трети пат се ожени и тоа со 23 години помладата девојка Дубравка, која е по потекло од Словенија.

– Бора заврши во болница. На музичарот ќе му биде потребно многу време за да се опорави, па вреројатно ќе мора да ги одложи сите обврски, меѓу кои и бројните концерти ширум светот, вели за српски Курир близок пријател на пејачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top