Република Македонија со свој павилјон учествуваше на 50. Саем на музика, МИДЕМ, кој од 2-ри до 6-ти јуни се одржа во Кан, Франција.
Оваа година мотото на македонската презентација беше „Вкусете ја музиката од Македонија“, соопшти продуцентската куќа „Трето уво“ која го организира нашето претставување на најголемиот и најзначајниот саем на музика во светот.
Беа промовирани сите жанрови во македонското музичко творештво преку презентација на нашите најпопуларни изведувачи, музичари, композитори, национални музички институции, рекорд компании, музички фестивали и асоцијации итн. Презентацијата беше дизајнирана и спакувана на промотивен материјал, печатен и во електронска форма, како и специјално изготвена апликација само за оваа пригода, соопшти организаторот на македонскиот штанд „Трето уво“ кој од домаќинот на МИДЕМ добил специјална плакета за повеќегодишната континуирана афирмација и промоција на македонската музика на престижниот музички саем.
Учеството на Македонија на МИДЕМ беше поддржано од Министерството за култура на Република Македонија. Саемот се одржа во Palais des Festivalas и го посетија 5.500 гости од 75 држави од целиот свет. Беше организиран на 35 национални павилјони со 694 изложувачи. За времетраење на саемот паралелно се одржаа 93 конференции посветени на новите платформи, алатки и стратегии за поефикасна заштита на авторите, изведувачите и останати чинители во музичката индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Публиката во Кан масовно ја напушти проекцијата на филмот поради сцени со насилство
-
Одлична промоција на Македонија како филмска дестинација на Канскиот фестивал
-
Успешна проекција на „Ефектот на среќа“ за странски дистрибутери на Канскиот фестивал