Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски одигра феноменална сезона во хрватскиот шампионат и беше лидер на неговиот Интер Запрешиќ со 25 постигнати голови, со што стана најдобриот стрелец.
Сосема очекувано тој се најде во идеалната постава во Првата лига на Хрватска во изборот што го прави Синдикатот на фудбалери на Хрватска, а гласаат професионалните фудбалери и тренерите.
Рамо до рамо со Несторовски се најде и играчот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, четврти пат по ред е прогласен за најдобар фудбалер на оваа земја, а откако го доби оскарот одвои време и за фотографија со најдобриот голтер Нестеровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.