Ова лето ќе се носи баш сѐ: ретро, светно, на риги, со тигрести шари… Идеалниот костим за капење се избира навреме. Она што најмногу треба да внимавате е дали кројот одговара на обликот на вашето тело.
Најголем хит ќе бидат костимите во стилот на пинап-девојките од педесетите години на минатиот век. Такви костими носеле американските актерки и, секако, на повеќето прва на памет ќе ви падне Мерлин Монро.
Високи гаќички што ќе го покријат вишокот што се наталожил за време на зимата и едноставен горен дел. Продолжува и сезоната на горен дел без прерамки. Излегоа и варијанта на банана-кројот – превртен, во повеќе бои, со реси… Во мода се колоритните костими – без разлика дали се цветни или шарени или едноставно еднобојни – особено сини и жолти…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.