
Изјавата на Томица Петровиќ, менаџер на Северина, за тоа дека нејзиниот поранешен свршеник Милан Поповиќ поднел тужба против сите во нејзиното опкружуавање, бидејќи е бесен поради нејзината венчавка со синот на Кеба, популарниот крал на бакарот го разбесни до срж, па откри неколку тајни на пејачката.
Бизнисменот го испрозва менаџерот на српската снаа, за кого вели дека е потајно заљубен во пејачката.
-Имбецилната инсинуација на Томица дека ги покренав судските постапки, бидејќи сум лут што таа се омажила е беспредметна. Ми се чини дека тој страда што неговата тајна љубов се омажила за друг. Верувам дека тој искрено се надевал дека еден ден Северина ќе се омажи за него. Со изјавата упатена кон мене тој само си ги лечи комплексите. Инаку работа на естрадниот менаџер е да се занимава со организација на концерти и слични работи, а не во секое време од денот и ноќта на госпоѓата чиј менаџер е да и купува апаурини, тампони и шампањац – иронично порачал Поповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


