Вчера заврши шестото издание на филмскиот фестивал на Југоисточна Европа во Париз. Во текот на фестивалските денови париската публика имаше можност да ја проследи богатата фестивалска програма која изобилуваше со интересни содржини.Покрај филмската програма, фестивалот имаше и музичка програма, во која се вбројуваат концертите на Алина Баба, Елина Дуни и Влашент Сата.
Фестивалот отпочна на 31.05. во Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО), каде што покрај маратонот на документарни филмови, се одржа симпозиум на тема „Миграциите и филмот“, на кој зедоја учество бројни истакнати имиња, како Фроса Пејоска, професор на Универзитетот Иналко, Фабрис Далмеида, професор на Универзитетот Пантеон-Асас, Љубен Тевдовски, директор на Музејот на Град Скопје,Јордан Плевнеш, ректор наУниверзитетот за аудиовизуелни уметности Скопје, итн. Покрај учеството на симпозиумот, познатиот српски режисер Желимир Жилник одржа работилница, додека неговиот филм „Дневникот Србистан“ (Log-Book Srbistan) , ја доби наградата на студенското жири за најдобар документарен филм.Гостин на програмата во ИНАЛКО беше и легендарниот Душан Макавејев.
Програмата во „Ле Палас“ се отвори со изложбата „Балканскиот Дон Кихот во Европа“ на истакнатиот македонски академски сликар Владимир Георгиевски. Во продолжение беа доделени и специјалнитенагради на фестивалот. Наградата за филмска легенда на Вељко Булајиќ му беше лично врачена од страна на Ив Боасе, за најдобар актер беше прогласен црногорскиот актер Бранимир Поповиќ, додека наградата „Еуропа прима“ за литература му беше доделена на Франсис Комб. Покрај овие, беа им доделени награди на Ерхард Бусек (награда „Еуропа Прима“ за политика) и Трифун Костовски (награда за личност на година).
Жирито во состав: Ив Буасет (претседател),Зоран Живковиќ, Хазис Вардар, Макс Азуле,Саша Голдман и Емануел Галабруе, ги додели следниве награди:
Најдобар филм – „Свет“ (Bota) – Ирис Елези и Томас Логореци (Албанија)
Најдобра режија – Тунч Давут – „Испреплетеност“ (Dolanma) (Турција)
Најдобра машка улога – Горан Навојец – „Се најдобро“ (Svenajbolje),(Хрватска)
Најдобра женска улога –Флоња Кодели – „Свет“ (Bota), (Албанија)
Најдобро сценарио – Јоргос Гикапепас – „Тишина“ (Silent), (Грција)
Најдобра музика – Александар Пејовски -„Три дена во септември“ , (Македонија).
Фестивалот ги заокружува овогодинешните изданија во Нингбо, Кина,(Централна и источна Европа во Нингбо 8-12.6), со селекција во кoја се вклучуваат и кратки и документарни филмови од земјите на источна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура