| четврток, 6 декември 2018 |

Луд план на Флорентино Перез, 200 милиони евра годишно од производител на опрема

real madrid

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, дошол до луда идеја да постави апсолутен светски рекорд кога станува збор за договор на клуб со производител на спортска опрема.

Тој со овој план сака да врати дел од вложените средства во овој скап состав на Реал Мадрид, кој ја потврди доминацијата во европскиот фудбал со освојувањето на 11. титула во Лигата на шампионите. Флорентино нагласува дека тој производител на спортска опрема што сака да се рекламира преку Реал Мадрид, ќе мора да плати неверојатни 200 милиони евра годишно.

Перез е категоричен дека нема да потпише нов договор ако „Адидас“ не се согласи на тоа со што навестува дека има потенцијален нов спонзор за екипата.

Актуелен рекордер во овој поглед е Барселона, која неодамна го продолжи договорот со „Најк“ за 105 милиони евра годишно. Реал носи опрема од „Адидас“ од 1998 година, а актуелниот договор истекува во 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top