Поранешниот македонски репрезентативец и крилен центар кој го носи дресот на Фенербахче, Перо Антиќ е меѓу најплатените кошаркари во најпрестижното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата.
Антиќ, кој во Турција пристигна лани од НБА-лигата каде настапуваше за Атланта хокс оваа сезона заработи вкупно 1,2 милиони евра, што го става на 32-то место според финансиите и воедно во најплатените 10 отсто кошаркари во најквалитетното европско натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.