| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Ги забрани доматите, ги покачи патарините – останува ли Грција викенд-дестинација?

lefkada grcja plaza

Турстичката сезона не ја отвораат подновени плажи, разновидна понуда, пониски цени, туку токму спортивното – омилената викенд-дестинација Грција, која е атрактивна најмногу поради близината, нѐ пречекува со нови рестрикции и давачки.

Воведувањето на патарини на автопатот до Солун се одложува, но не за долго. Наместо од денеска, плаќањето за автопатот ќе започне од следниот понеделник, поради тоа што грчките власти не се подготвени со електронскиот систем кој ќе издава билети за магистралата. Патнички автомобили ќе се наплаќаат со 2,40 евра, автобусите – 6 евра, а цената за тешки камиони ќе биде 8,40 евра.

Неодамна беше најавено поскапување на намирниците во Грција, па оние кои планираат да одат на одмор во Грција најевтино ќе поминат ако купуваат храна во супермаркетите. (Цените на основните производи во маркетите)

Грците се соочуваат со нов бран поскапувања што беа побарани од кредиторите во замена за исплата на дополнителни средства за Атина од меѓународниот пакет помош, а најмногу поскапеа кафето и пивото.

Данокот на додадена вредност (ДДВ) е зголемен од 23 на 24 отсто. Исто така, зголемен е и данокот на интернет-услуги.

Од друга страна, грчките цариници годинава решиле да почнат да ги спроведуваат одредбите на Европската унија – не смее да се внесува храна од земји кои не се членки на Унијата. Дозволена е само детската храна и храна за миленичиња.

Од туристичките агенции велат дека засега контролите на грчките цариници не се детални, не е точно дека не се спроведуваат, па затоа им препорачуваат на туристите кои планираат да го поминат одморот во Грција, да не патуваат со храна.

[poll id=”160″]

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top