| четврток, 6 декември 2018 |

Во Савона концерт за 25-годишнината од независноста на Република Македонија

Во Сикстинската капела во Савона, во рамките на Меѓународниот фестивал за музика на Савона, се одржа концерт посветен на 25-годишнината на независноста на Република Македонија..

Потоа ќе биде репризиран во Трст, во палатата Гопчевич, сала „Боби Базлен“, при Градскиот музеј „Карло Шмидл“ на 9 јуни. Концертите се поддржани од Министерството за Култура на Република Македонија, во рамките на Националната програма за меѓународна соработка за 2016 година.

Благој Нацоски, како амбасадор на културата на Македонија во Италија е иницијатор, промотор и ко- организатор на овие настани. Ќе настапат исклучително италијански музичари и пејачи, кои ќе пеат на македонски јазик, и тоа делото „Седум песни од светлина и прав“, компонирано од италијанскиот композитор Анџело Инглезе, на поезии од Никола Маџиров.

На концертот ќе настапат Луиџи Скифано (контратенор), Рафаеле Фео (тенор), Елена Бакјарело (кларинет), Константин Чобану (виолина), Џакомо Бјаџи (виолончело) и Џанлука Аскери (пијано).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top