| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Турција: Автобус полн со деца излета во канал

avtobusНајмалку 14 патници загинаа во сообраќајна несреќа кога автобус полн со деца кои патувале на екскурзија излетал од патот на југот на Турција.

Меѓу загинатите се три момчиња и три девојчиња. Повредени се 24 лица.

До несреќата дошло кога автобусот, со кој се враќале децата од екскурзија од познатото археолошко наоѓалиште Каратепе во близина на градот Османија, излетал од патот и завршил во канал, соопштуваат од локалната полиција.

Засега не се познати причините за несреќата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top