Социјалните мрежи може да бидат многу корисни кога се работи за барање работа.
Меѓутоа, треба да знаете како да ги користите за да имате бенефит од нив. На Фејсбук следете ги компаниите и организациите кои редовно објавуваат огласи за вработување. Вашиот профил треба да биде совршен. Не заборавајте да ги наведете сите претходни работни искуства, образование, обуки, курсеви. Многу компании сметаат дека Фејсбук е важен во процесот на вработување. Дури 90% од фирмите се со став дека вработувањето преку социјалните мрежи чини поевтино. Преку Фејсбук ќе дознаете кој од пријателите работи во одредена компанија и ќе добиете информација од прва рака.
„Твитер“ може да го користите со тоа што ќе пребарувате термини како „работа“, „вработување“ или ќе ја наведете вашата професија и градот, на пример: „програмер“ и „Скопје“. Истовремено следете ги профилите кои често објавуваат огласи за вработување.
Социјалните мрежи нудат можност за интеракција и комуникација меѓу фирмите и потенцијалните кандидати за вработување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.