| четврток, 6 декември 2018 |

Жи­во­тот сам се ор­га­ни­зи­ра со ви­со­ка пла­та

Oвој пат ре­шив­ме по­и­на­ку да пог­лед­не­ме на ра­бо­ти­те, па на умет­ни­ци, ар­ти­сти, му­зи­ча­ри, пен­зи­о­не­ри, по­ра­неш­ни спор­ти­сти им по­ста­вив­ме обрат­но пра­ша­ње: Ка­ко би си го ор­га­ни­зи­ра­ле жи­во­тот, ба­рем еден ме­сец, ако има­те пра­те­нич­ка пла­та со­се си­те при­ви­ле­гии што ги но­си со се­бе: пла­те­на сме­тка за мо­би­лен те­ле­фон до 3.000 де­на­ри, па­ри за го­ри­во, ка­кви за­до­волс­тва би си доз­во­ли­ле, а за кои се­га не­ма­те па­ри?

Ко­га по­ли­ти­ча­ри­те и јав­ни­те лич­но­сти ги пра­шав­ме ка­ко ќе се снај­дат со до­маш­ни­от бу­џет ако еден ме­сец зе­ма­ат про­сеч­на ма­ке­дон­ска не­то-пла­та, до­бив­ме раз­лич­ни од­го­во­ри, но јас­но бе­ше де­ка е те­шко да се отка­жеш од удоб­ни­от жи­вот и од при­ви­ле­ги­и­те што тој ги но­си со се­бе. Те­шко бе­ше тие да се за­мис­лат во чев­ли­те на обич­ни­те гра­ѓа­ни. Очиг­лед­но им беа тес­ни. То­гаш на­пра­вив­ме спи­сок од де­се­ти­на јав­ни лич­но­сти, кан­ди­да­ти за гра­до­на­чал­ни­ци, по­ли­ти­ча­ри на кои им ги по­ста­вив­ме пра­ша­ња­та: Ка­ко би пре­жи­ве­а­ле Вие и Ва­ше­то се­мејс­тво со две про­сеч­ни пла­ти во Ма­ке­до­ни­ја? Ка­ко би го рас­пре­де­ли­ле до­маш­ни­от бу­џет отка­ко ќе ги пла­ти­те ме­сеч­ни­те ре­жи­ски тро­шо­ци и хра­на­та? Од кои за­до­волс­тва би се отка­жа­ле за да мо­же­те да го истур­ка­те ме­се­цот?

Backpackers couple walking hand in hand

Овој пат ре­шив­ме по­и­на­ку да пог­лед­не­ме на ра­бо­ти­те, па на умет­ни­ци, ар­ти­сти, му­зи­ча­ри, пен­зи­о­не­ри, по­ра­неш­ни спор­ти­сти им по­ста­вив­ме обрат­но пра­ша­ње: Ка­ко би си го ор­га­ни­зи­ра­ле жи­во­тот, ба­рем еден ме­сец, ако има­те пра­те­нич­ка пла­та со­се си­те при­ви­ле­гии што ги но­си со се­бе: пла­те­на сме­тка за мо­би­лен те­ле­фон до 3.000 де­на­ри, па­ри за го­ри­во, ка­кви за­до­волс­тва би си доз­во­ли­ле, а за кои се­га не­ма­те па­ри? Не е за ве­ру­ва­ње, но и овој пат те­шко ги до­бив­ме од­го­во­ри­те. А, мис­лев­ме де­ка ќе би­де лес­но, де­ка од­го­во­ри­те ќе дој­дат са­ми по се­бе вед­наш отка­ко ќе го по­ста­ви­ме пра­ша­ње­то. До­бив­ме се­ка­кви од­го­во­ри од ти­пот: ние жи­ве­е­ме нор­ма­лен жи­вот, жи­во­тот лес­но се ор­га­ни­зи­ра со та­ква пла­та, па до тоа: што се 65 ил­ја­ди де­на­ри, ме­не и на мо­е­то се­мејс­тво ни тре­ба­ат 200 ил­ја­ди де­на­ри за да го по­ми­не­ме ме­се­цот…

Оде­ње во те­а­тар, ки­но, кни­ги, па­ту­ва­ња…

Ед­на пра­те­нич­ка пла­та е око­лу 65 ил­ја­ди де­на­ри, ако сме­тка­та за мо­би­лен те­ле­фон е пла­те­на до 3.000 де­на­ри, ако до­би­ва­те три ил­ја­ди де­на­ри за го­ри­во, то­гаш жи­во­тот е ле­сен, спо­ред обич­ни­от гра­ѓа­нин. За че­ти­рич­ле­но се­мејс­тво ре­жи­ски­те тро­шо­ци се око­лу 15 ил­ја­ди де­на­ри и уште нај­мал­ку тол­ку за хра­на ме­сеч­но, та­ка што со ед­на ва­ква пла­та оста­ну­ва­ат нај­мал­ку уште 30 ил­ја­ди де­на­ри.

патување1

Под прет­по­ста­вка де­ка не­ма­те ра­ти за исп­ла­та и де­ка не ви ди­шат во врат од не­ко­ја бан­ка, то­гаш лес­но мо­же да исп­ла­ни­ра­те ка­ко ме­рак­ли­ски да го по­тро­ши­те оста­то­кот од „пла­та­та“ ко­ја овој ме­сец сте ја за­ра­бо­ти­ле. Пр­во ќе на­пра­ви­те спи­сок на си­те прет­ста­ви во те­а­тар што не сте ги гле­да­ле, па ќе пог­лед­не­те во ре­пер­то­а­рот на ки­на­та во ва­ши­от град. Иа­ко се на­у­чи­вте да пре­зе­ма­те фил­мо­ви од ин­тер­нет и да ги гле­да­те во до­маш­на ат­мо­сфе­ра, нај­че­сто ко­га де­ца­та ќе зас­пи­јат, ред­но е да ужи­ва­те во ма­ги­ја­та на го­ле­ми­от екран. Би­де­те искре­ни пред се­бе и приз­нај­те си ко­га пос­ле­ден пат сте би­ле во ки­но? Пред да се ро­ди пр­во­то де­те, си­гур­но… На пат до ки­но­то, за­ста­не­те до не­ко­ја кни­жар­ни­ца и вле­зе­те вна­тре. Сло­бод­но ку­пе­те си ја кни­га­та или кни­ги­те за кои одам­на ве­ли­те: од след­на­та пла­та. Се­га ја има­те пла­та­та, па ку­пе­те си ги си­те кни­ги што ќе из­ма­мат нас­ме­вка на ва­ше­то ли­це и ќе ви го збо­га­тат ду­хот.

До­а­ѓа ви­кенд. Го­тви­те се­кој ден, но ре­тко, си­те за­ед­но сте на ру­чек, та­ка што ви­кенд е иде­ал­но вре­ме да оти­де­те на за­ед­нич­ки ру­чек во не­кој ре­сто­ран. Се раз­би­ра, де­ца­та го из­би­ра­ат ме­сто­то. И нор­мал­но е нив да им го оста­ви­те из­бо­рот за да се по­чув­ству­ва­ат важ­ни.

До­а­ѓа не­кој праз­ник и се со­би­ра­ат по­ве­ќе не­ра­бот­ни де­на. Од вас, на ра­бо­та не ба­ра­ат да ра­бо­ти­те пре­ку­вре­ме­но, та­ка што има­те че­ти­ри сло­бод­ни де­на. Има­те пра­те­нич­ка пла­та, не за­бо­ра­вај­те, сло­бод­но мо­же да си ор­га­ни­зи­ра­те еден убав про­дол­жен ви­кенд. Ва­ше е да од­бе­ре­те ка­де са­ка­те, пла­ни­на или мо­ре, или, пак, ако е есен или зи­ма – да­ли ќе те­ра­те ур­бан ту­ри­зам ше­тај­ќи по европ­ски­те гра­до­ви, ма­кар и со авто­бус. До­вол­но ќе ви би­де и три де­на да би­де­те над­вор од во­о­би­ча­е­на­та ру­ти­на. Ќе ги на­пол­ни­те ба­те­ри­и­те. Жи­во­тот е на­ви­сти­на убав, не­ли?

Та­ња Ко­чов­ска: Е мно­гу са­кам да би­дам пра­те­ник

Актер­ка­та Та­ња Ко­чов­ска ја за­тек­нав­ме на сни­ма­ње, па не­ма­ше мно­гу вре­ме за да раз­го­ва­ра­ме на оваа те­ма. Но, Та­ња ка­ко Та­ња, за­дол­же­на за искре­ни и остри од­го­во­ри без дво­у­ме­ње, из­ја­ви:

– Е мно­гу са­кам да би­дам пра­те­ник. И да ја имам нив­на­та пла­та. Жи­во­тот сам се ор­га­ни­зи­ра со та­ква пла­та – из­ја­ви Ко­чов­ска, вра­бо­те­на во скоп­ски­от Те­а­тар за де­ца и мла­дин­ци.

Ѝ ка­жав­ме и од ка­де е иде­ја­та за ва­ква ми­ни-ан­ке­та ме­ѓу умет­ни­ци­те, спор­ти­сти­те, му­зи­ча­ри­те и за тоа де­ка во ми­на­ти­от број ја имав­ме обрат­на­та си­ту­а­ци­ја – по­ли­ти­ча­ри да пре­жи­ве­ат еден ме­сец со про­сеч­на ма­ке­дон­ска пла­та ко­ја из­не­су­ва 21.500 де­на­ри.

– А, по­ли­ти­ча­ри­те да пра­ша­ат ка­ко пре­жи­ву­ва мо­ја­та при­ја­тел­ка ко­ја има че­ти­ри си­на и ед­вај ус­пе­ва да ги пре­хра­ни де­ца­та? – ре­че Ко­чов­ска.

Ин­ди­ра Ка­стра­то­виќ е по­ра­неш­на ма­ке­дон­ска ра­ко­мет­на ре­пре­зен­та­ти­вка и член­ка на клу­бот кој ве­ќе не по­стои Ко­ме­тал Ѓор­че Пе­тров. По за­вр­шу­ва­ње на ка­ри­е­ра­та ра­бо­те­ше не­кол­ку ра­бо­ти, има­ше и свој клуб, а се­га е тре­нер во жен­ски­от клуб Вар­дар. Таа е искре­на и приз­на­ва де­ка има до­бар жи­вот, спо­ред неј­зи­ни­те стан­дар­ди.

индира кастратовиќ

– Фа­ла бо­гу, нам ни­што не ни фа­ли. Не ба­ра­ме мно­гу, но мис­лам де­ка има­ме до­вол­но за нор­ма­лен жи­вот. Јас и мо­јот со­пруг Зо­ран има­ме са­мо ед­на ќер­ка, Са­ра, ко­ја учи во ос­нов­но учи­ли­ште и за­се­га си­те по­тре­би мо­же­ме да ги доз­во­ли­ме. Единс­тве­но што по­не­ко­гаш нам ни фа­ли, тоа е вре­ме. По­ра­но ка­ко спор­ти­сти и јас и мо­јот со­пруг ни­ко­гаш не мо­жев­ме да оти­де­ме на зим­ски од­мор. Се­га тоа мо­же­ме да си го доз­во­ли­ме – ве­ли Ка­стра­то­виќ.

Ма­ке­дон­ски­от актер Ки­рил Поп-Хри­стов е лу­ци­ден во од­го­во­ри­те, ка­ко и се­ко­гаш. За не­го 65 ил­ја­ди де­на­ри пра­те­нич­ка пла­та и плус при­ви­ле­гии не се ни­што, од­нос­но тоа е мал­ку.

кили

– Јас сум ви по­греш­на лич­ност за ова пра­ша­ње – ре­че по­пу­лар­ни­от Ки­ли. – Што се тоа 65 ил­ја­ди де­на­ри? Сит­но. Па, ме­не са­мо сме­тки­те и тро­шо­ци­те за хра­на ми се тол­ку! За мо­е­то се­мејс­тво да жи­вее она­ка ка­ко што е на­у­че­но, без ни­ка­кви отка­жу­ва­ња, нам ни се по­треб­ни 200 ил­ја­ди де­на­ри – из­ја­ви Поп-Хри­стов.

Се­кој има свој есап, но еса­пот до­ма и на па­зар не из­ле­гу­ва се­ко­гаш ист. За не­ко­го гар­де­ро­ба­та, за не­ко­го ки­но­то и те­а­та­рот, за друг кни­ги­те и па­ту­ва­ња­та ќе му го на­пра­ват жи­во­тот по­у­бав. Лес­но е да не­маш дол­го­ви и ра­ти кон бан­ки, да жи­ве­еш при­стој­но, да по­се­ту­ваш из­лож­би, да сле­диш трен­до­ви во му­зи­ка, фил­мо­ви, мо­да… Но, нај­у­ба­во е ко­га при­хо­ди­те при­стиг­ну­ва­ат ре­дов­но и на­вре­ме. И ко­га ужи­ваш во она што го имаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top