Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се рекреираше во спортско рекреативниот центар Јане Сандански.
Во саботното попладне Груевски со своите пријатели и сопартијци изигра партија фудбал во салата во Аеродром. Тимот на Груевски оствари победа со 1:0 во неизвесен натпревар и тоа токму со негова асистенција која во гол ја претвори претседателот на партискиот подмладок Неловски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ редовно користи дел од своето слободно време за спортување, најчесто со неговите пријатели и сопартијци.
Фото: Александар Ивановски- Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.