| четврток, 6 декември 2018 |

Најплатениот селектор на ЕП тежи 5 милиони евра

Селекторот на репрезентацијата на Англија Рој Хоџсон ќе зема највисока плата на Европското првенство кое во јуни и јули се игра во Франција.

roj hodzson

Англичаните ги завршија квалификациите без пораз, а Хоџсон ќе добие месечна плата од 416.666 евра, или вкупно, според договорот, плата од 5 милиони евра. Втор на листата е Антонио Конте од Италија, додека на третото место е Фатих Терим од Турција. На четвртата позиција е Јоаким Лев (Германија), а потоа следат Винсент Дел Боске (Шпанија), Дидие Дешамп (Франција), Марсел Колер (Австрија), Фернандо Сантос (Португалија), Мартин О’Нил (Ирска), Владимир Петковиќ (Швајцарија).

plata

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top