| четврток, 6 декември 2018 |

Судот во Минхен на страната на Евролига, ФИБА не смее да суспендира клубови и федерации

fiba

ФИБА ја загуби и правната битка со Евролигата откако судот во Минхен донесе одлука со која и забранува на светската куќа на фудбалот да изрекува суспензии врз клубови и суспензии. Челниците на ФИБА се обидоа со ваков вид на притисок да ги натераат клубовите да откажат послушност на Евролигата и да станат дел од новоформираната Лига на шампиони, но следеше тужба од челниците на елитното европско натпреварување.

Судот во Минхен денеска донесе донесе забрана за евентуално изрекување на суспензии врз клубови, како и врз репрезентации да учествуваат во натпреварувања за кои претходно обезбедиле пласман.

Воедно, потенцирано е дека за кршење на оваа одлука казната ќе изнесува 250.000 евра или затворска казна од шест месеци, со која би можеле да се соочат генералниот директор на ФИБА Европа или генералниот секретар на ФИБА Свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top