| четврток, 6 декември 2018 |

Цермат побара раскин на договорот, во Пелистер влегуваат нови сопственици

pelister

Битолската компанија за производство на сладоледи „Цермат“ упати барање до Општина Битола за раскинување на договорот за продажба на доминантниот пакет акции во ФК Пелистер. Во известувањето испратено до Општина Битола и градоначалникот Владимир Талески, „Цермат“ ДОО Битола известува дека согласно член 10 став 2, компанијата го раскинува Договорот за продажба на мнозинскиот пакет акции заклучно со крајот на фудбалската сезона 2015/2016.

Од „Цермат“ имаат наведено дека основната причина за раскинување на договорот е разочарувањето од лошите резултати што Пелистер ги постигна откако оваа компанија го презеде раководењето на клубот.

Советниците во Општина Битола треба одлуката да ја донесат во вторник, по што се очекува во Пелистер да влезат „Пелистерка“ и „Стопанска Банка – Битола“, заедно со општинската власт.

Трансформацијата во ФК Пелистер во пракса веќе се спроведува, назначен е нов спортски директор, Благоја Кочeвски – Блашко, кој изминатава сезона раководеше со Тетекс, а токму тој клуб на чуден начин во завршницата не успеа да се избори за бараж, и тоа место му припадна на битолскиот второлигаш. Потоа Пелистер во бараж двомечот со Хоризонт Турново и успеа да обезбеди пласман во Првата лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top