Шпанскиот репрезентативец и досегашен фудбалер на Барселона, Марк Бартра, потпиша петгодишен договор со германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд. Тој треба да биде замена на стоперската позиција за Матс Хумелс, досегашниот капитен на „милионерите“, кој се пресели во редовите на Баерн Минхен.
Борусија Дортмунд вечерва и официјално го потврди трансферот, објавувајќи фотографија на која Бартра става потпис на договорот со овој клуб.
За услугите на Бартра беше заинтересиран и Ливерпул, но, сепак, „милионерите“ беа поконкретни и успеаја да го доведат 25-годишниот дефанзивец во својот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.