Неколку луѓе се повредени во Германија во удар на гром за време на познатиот рок-фестивал на отворено Rock am Ring, соопшти ноќта кон саботата портпаролот на полицијата, објави „Макфакс“.
Точниот број настрадани не е соопштен. Настапот на музичарите засега е прекинат.
Лошите временски услови погодија десетици илјади гости на фестивалот кој традиционално се одржува од 3-ти до 5-ти јуни во градот Мендиг, во сојузната земи Рајнска обаст-Пфалц.
Германската метеоролошката служба предупреди дека во областа претстојниот викенд е можно силно невреме со поројни дождови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.