| четврток, 6 декември 2018 |

Како старите удобни патиките да ви останат бели како нови (рецепт)

patiki

Белите патики се најпродаван модел во светот, но има мал проблем- нивната белина набрзо се губи. Но постои решение и начин како да им ја вратите бојата и сјајноста. Овој трик успева и со платнени и со кожени обувки.

Потребни ви се три обични состојки: сода бикарбона, малку вода и малку оцет. количеството на вода и оцет треба да е приближно исто, а со дотурање на содата треба да се добие густа смеса.

Со стара четка за заби нанесете од пастата врз патиките и истријте ги, а потоа исплакнете ги со топла вода. Велат дека оваа смеса ги чисти и старите дамки.

Подгответе ја смесата , исчистете ги патиките и тие ќе изгледаат како да сте ги купиле сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top