Јас, Марјан Забрчанец, изразувам несогласување и револт врз основа на објавениот напис во печатеното издание на „Република“, во кое на неморален, низок и непрофесионален начин се врши напад врз мене.
Во објавениот натпис на „Република“ на ден 27.05.2016 година со наслов „6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“ изнесени се лични податоци за надоместоци по основ на плата и по основ на хонорари за повеќе активности кои вклучуваат јакнење на граѓанско општество, промоција на младински ангажираност, обуки за граѓански организации кои им помагаат на загрозени групи, пишување документи и слично.
Неточни се тврдењата дека наведените износи, за кои не се дава никакво објаснување од каде се добиени, сум ги примил за учество на протести или за тероризирање на државата. Повеќе од очигледно е дека вака претставените информации имаат за цел да ја извртат вистината и да прикажат погрешна слика за мене како личност која целосно и професионално се залага за развој на граѓанското општество, заштита на човековите права и за поддршка на сите граѓани, групи и организации кои тежнеат да обезбедат демократски напредок на Македонија. Овие неовластено стекнати информации се претставени во контекст кој ја деградира мојата личност и професионалност. Ваквите невистинити текстови ме погодија особено како граѓански активист кој повеќе од 15 години професионално работи на унапредувањето на правата на младите, младинскиот активизам, неформалното образование и јакнењето на граѓанскиот сектор и како личност која е препознаена меѓу граѓаните по своите активности за унапредување на општеството.
Одговорно тврдам дека финансиските средства за изминатите две години, како што се наведува во натписот, не сум ги примил за учество на протести ниту за тероризирање на државата.
Од овие причини барам од весникот „Република“, јавно да се извини за лажните наводи изнесени против мене, а воедно и за повреда на мојата чест и углед.
Барам демантот и извинувањето да биде објавено во согласност со член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и тоа во рок од два дена од денот на приемот на ова барање, на истото место, време и обем, како и натписите за кои ја доставувам оваа реакција.
Во спротивно не ја исклучувам можноста да поднесам тужба за утврдување на навреда и клевета, за заштита на мојата личност, чест и углед, а согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Демант: „Авалон продукција“ одлучува со која фирма ќе работи и склучува договори
-
ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование
-
Хаџи-Лега бара јавно извинување од Викторија Јовановска: Мојата квалификација како плагијатор е измислена и доаѓа од некомпетентна личност