| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за 26 хулигани за фрлање јајца и боја во Битола

bitola
Полицијата поднесе кривична пријава против 26 лица од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување туѓи предмети“.

Тие во периодот од 17 до 27 април годинава во четири наврати сториле кривично дело„оштетување туѓи предмети“ врз зградата на општина Битола, објект кој е во евиденција на Студијата за културно- историско наследство на подрачје на Битола-споменик на културата.

Демонстрантите одделно и во различни периоди со фрлање тврди предмети, употреба на боја и јајца, ја оштетитиле фасадата на општина Битола. На еден од протестите оштетена е фасадата на балконот и влезната врата. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена со вештачење.

Постапувајќи по барање од Основното јавно обвинителство, битолската полиција презеде оперативно-тактички мерки и активности и повика дел од пријавените. Од нив 16 се јавиле, а 9 лица не се обезбедени за службен разговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top