| четврток, 6 декември 2018 |

Заев остана единствениот аболиран политичар

Пре­тсе­да­те­лот Ива­нов му да­де до­бра шан­са на Зо­ран За­ев да си го обе­ли сопс­тве­ни­от образ. Не са­мо не­му, ту­ку и на со­пру­гот на не­го­ва­та за­ме­нич­ка, поз­на­ти­от Бо­бо Дај­нерс, кој, исто као и Со­ња Ве­ру­шев­ска, мол­чи за мож­но­ста да ја сим­не дам­ка­та од сво­е­то име. За­ев се­га мо­же да до­ка­же де­ка е не­вин, тоа што тол­ку го­ди­ни го твр­ди. За про­ме­на, има мож­ност да по­твр­ди ба­рем еден единс­твен сопс­твен исказ. „Ре­во­лу­ци­о­нер­но“ рас­по­ло­жен, из­ја­ви де­ка ќе по­ба­ра да му ја сим­нат або­ли­ци­ја­та за „Гло­бал“, а се­га, ко­га до­би мож­ност, мол­чи. А та­ка би до­бил „три за сре­ќа“ – „Гло­бал“, „Пуч“ и „По­ткуп“ на ед­но ме­сто. Шта­ма­та про­дол­жу­ва...

Пре­тсе­да­те­лот Ива­нов, а прет­ход­но и пра­те­ни­ци­те од на ВМРО-ДПМНЕ, му да­доа пре­крас­на шан­са на Зо­ран За­ев. По по­дол­го вре­ме, ли­де­рот на СДСМ, чиј­што за­шти­тен знак ста­на ток­му са­мо­де­ман­ти­ра­ње­то, се­га до­би мож­ност да го до­ка­же на де­ло ка­жа­но­то. За про­ме­на. Исти­от тој кој до вче­ра „пла­че­ше“ за по­пра­вен ис­пит со „Гло­бал“, ме­га­а­фе­ра те­шка це­ли осум ми­ли­о­ни евра, се­га „на тац­на“ има мож­ност да го по­пра­ви тоа што не­го­ви­от по­ра­не­шен шеф, идол и гу­ру Бран­ко Цр­вен­ков­ски го сто­ри пред са­мо осум го­ди­ни. Се по­го­ди­ја и број­ки­те – осум ми­ли­о­ни за осум го­ди­ни.

Единс­тве­ни­от або­ли­ран по­ли­ти­чар на ви­со­ка по­зи­ци­ја во др­жа­ва­та се­га, ко­неч­но, мо­же да ја до­ка­же сво­ја­та не­ви­ност, лу­ксуз и по­рив што то­гаш­ни­от „ча­дор“ Цр­вен­ков­ски не му доз­во­ли да го ос­тва­ри, па го по­ми­лу­ва во те­кот на са­ми­от про­цес. За­штит­ни­кот не мо­же­ше да ја до­че­ка суд­ска­та раз­вр­ска, па оста­на дам­ка­та на За­ев. За­кон­ски­те из­ме­ни го овоз­мо­жи­ја чи­нот, но ини­ци­ја­ти­ва­та од За­ев, за чу­до, ја не­ма на по­ви­док. Иа­ко хра­бро нај­а­ви де­ка ќе ба­ра по­ни­шту­ва­ње. Нај­ве­ро­јат­но мис­лел и де­ка збо­ру­ва во праз­но, не сме­тај­ќи де­ка не­ко­гаш ќе до­бие мож­ност за тоа.

Во ме­ѓу­вре­ме, во те­кот на осум­те го­ди­ни и по си­те дру­ги афе­ри што ги соз­да­де, што со умис­ла, што од лап­сус лингвa и са­мо­де­ман­ти, За­ев го сме­ни „ча­до­рот“. Рев­нос­ни­от ли­дер, се­га те­жок 12 ми­ли­о­ни евра, отка­ко го из­гу­сти­ра ма­ке­дон­ски­от, пре­ми­на на „ча­дор“ со стран­ско по­тек­ло. Раз­бир­ли­во, ка­ко и се­кој ско­ро­е­вец и но­во­пе­чен сноб и тој поч­на да се ки­ти со стран­ска мо­дер­на об­ле­ка, ко­сту­ми, авто­мо­би­ли, па зо­што да не и стран­ски ча­до­ри, не­ли… За по­тсе­ту­ва­ње штип­ски­от биз­нис­мен Ми­ки На­у­мов, кој до­би па­рич­на каз­на за кле­ве­та за об­ви­ну­ва­ње­то де­ка му дал 39.000 евра по­ткуп, спо­ме­на ед­на ра­бо­та, ко­ја ни­кој не ја де­ма­ти­ра­ше или ос­по­ри: во 2004 го­ди­на, т.е. пред са­мо 12 го­ди­ни, тој му зај­мил на За­ев 500 евра за да ку­пи „ау­ди А4“ од 4.000 евра?! Са­мо 12 го­ди­ни по­доц­на тој те­жи 12 ми­ли­о­ни евра и во­зи „ау­ди“ од 80.000 евра. И по­втор­но, број­ки­те чуд­но се сов­па­ѓа­ат, пр­во осум­ки­те, се­га два­на­е­се­тки­те. Ну­ме­ро­ло­ги­ја­та го са­ка ли­де­рот, очиг­лед­но…

 

analiza196-2

Аболициската еволуција на Заев: Од понизност до „револуција“, макар и шарена

То­гаш, во 2008 го­ди­на, ко­га то­гаш­ни­от шеф на др­жа­ва­та ги по­ми­лу­ва За­ев и не­го­ви­те пет со­у­чес­ни­ци, по­низ­ни­от ко­мен­тар на се­гаш­ни­от ли­дер, а то­гаш са­мо гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца и „чу­вар на пре­сто­лот“ на СДСМ бе­ше: „Або­ли­ци­ја­та да­де­на од стра­на на пре­тсе­да­те­лот Цр­вен­ков­ски не­ма да ја ко­мен­ти­рам во јав­но­ста. Тоа е, се­пак, не­го­во устав­но и за­кон­ско пра­во“. И тол­ку.

90 ме­се­ци по­доц­на, по­втор­но або­ли­ра­ни­от ли­дер, се­га за два слу­ча­ја – „Пуч“ и „По­ткуп“, отка­ко диг­на и ша­ре­на „ре­во­лу­ци­ја“ ба­зи­ра­на кон­тра­друш­тво­то на або­ли­ра­ни­те, пом­пез­но и мно­гу са­мо­у­ве­ре­ни из­ја­ви: „Од 2008 го­ди­на Зо­ран За­ев ба­ра пов­ле­ку­ва­ње на або­ли­ци­ја­та, то­гаш не ми бе­ше да­де­на прав­на мож­ност да ја пов­ле­чам або­ли­ци­ја­та, ни­ту бев пра­шан за оваа ра­бо­та. Се­га имам прав­на мож­ност и ја об­жа­лив пред апе­ла­ци­ја и пред Страз­бур. Ако ми се да­де мож­ност, вед­наш ќе по­ба­рам да би­де пов­ле­че­на и або­ли­ци­ја­та од 2008 го­ди­на, или ако има ка­ква би­ло мож­ност Ѓор­ге Ива­нов или кој би­ло во оваа зем­ја, ба­рам да би­де уки­на­та“.

И от­то­гаш, шта­ма… Оста­на пос­лед­ни­от Мо­хи­ка­нец ли единс­тве­ни­от або­ли­ран по­ли­ти­чар во Ма­ке­до­ни­ја. Неј­се што Мо­хи­кан­ци­те беа по­зи­тив­ни ли­ко­ви и што тој по­втор­но го упо­тре­би оми­ле­но­то, нар­ци­со­ид­но тре­то ли­це ед­ни­на за се­бе, по­го­ле­ми­от проб­лем е што За­ев са­мо не­кол­ку де­на пред од­лу­ка­та за уки­ну­ва­ње на „но­ва­та“ двој­на або­ли­ци­ја лич­но ве­ти де­ка ќе по­ба­ра по­ни­шту­ва­ње и на таа за „Гло­бал“. Шан­са­та да­де­на од Ива­нов, пра­те­ни­ци­те на ВМРО-ДПМНЕ и од Устав­ни­от суд му стои на рас­по­ла­га­ње, но За­ев ка­ко да се мис­ли да­ли да го по­твр­ди ка­жа­но­то?

Има две оп­ции – или ќе по­ба­ра уки­ну­ва­ње на або­ли­ци­ја­та од Цр­вен­ков­ски, или по­втор­но ќе се са­мо­де­ман­ти­ра, ка­ко и се­ко­гаш. Де­мек, не сме го раз­бра­ле или сме го из­ва­ди­ле од кон­текст?! Те­шко, ка­жа­но­то од не­го е прем­но­гу јас­но и не­дос­мис­ле­но со­ста­ве­но. По­ве­ро­јат­но, и при овој исказ на прес-кон­фе­рен­ци­ја, За­ев пред се­бе не­мал лив­че со од­го­вор, а таа тра­е­ла по­ве­ќе од 10 ми­ну­ти – два­та ус­ло­ва за нај­го­ле­ми­те гре­шки на ли­де­рот. „Упс! Пак тој“, нај­ве­ро­јат­но нер­воз­но сви­ка­ле стра­те­зи­те ко­га го чу­ле што збо­ру­ва…

 

Каракамишева-Јовановска: Заев да престане да тактизира како политички покерџија

Tanja-Karakamiseva-analizaСДСМ од се­кој по­ли­тич­ки по­тег, акт и дејс­тво на ВМРО-ДПМНЕ пра­ви по­ли­тич­ки сен­за­ци­о­на­ли­зам, ве­ли проф. д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва – Јо­ва­нов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, за ко­ја тоа е ве­ќе до­бро на­веж­бан стил и на­чин на по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње на оваа пар­ти­ја, пра­кти­ку­ван ве­ќе по­долг пер­и­од.

Каракамишева-Јовановска: Во отсус­тво на сопс­тве­на пре­поз­нат­ли­ва кон­стру­ктив­на по­ли­тич­ка аген­да, сво­ја по­ли­тич­ка про­гра­ма, свои про­е­кти, свои ре­ше­ни­ја, СДСМ е це­лос­но за­вис­на од по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е, бу­квал­но, за­ка­че­на за вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја ка­ко по­ли­тич­ка пи­ја­ви­ца, и дејс­тву­ва спо­ред од­на­пред утвр­де­на­та ше­ма – сѐ што пра­ви ВМРО-ДПМНЕ ние ќе го кри­ти­ку­ва­ме, ќе го ос­по­ру­ва­ме до крај, без раз­ли­ка да­ли тоа има или не­ма ло­ги­ка и раз­ум­ност. Та­ков е слу­ча­јот и со остри­те и прав­но не­из­др­жа­ни кри­ти­ки што СДСМ ги упа­ти до пре­тсе­да­те­лот Ива­нов и не­го­ва­та по­ли­тич­ка од­лу­ка да по­ми­лу­ва 56 ли­ца во еден иск­лу­чи­тел­но сен­зи­ти­вен пер­и­од за ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва и за ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни. По одре­ден пер­и­од, ко­га це­ла­та оваа по­ли­тич­ка кри­за ќе се ре­ши во ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ко­га ќе мо­же­ме по­о­тво­ре­но да збо­ру­ва­ме за си­те де­та­ли по­вр­за­ни со сен­зи­тив­ни­от ка­ра­ктер на пер­и­о­дов што по­ми­на, но и што сѐ уште е пред нас, ќе мо­же да се до­ло­ви це­ла­та комп­лекс­ност на др­жав­нич­ки­от по­тег што го на­пра­ви пре­тсе­да­те­лот Ива­нов, но и ис­прав­но­ста на не­го­ва­та од­лу­ка да ги ста­ви ин­те­ре­си­те на др­жа­ва­та, над сѐ. Но, ка­ко што спо­ме­нав, СДСМ отсе­ко­гаш зна­ел свес­но да ја зло­у­по­тре­би сво­ја­та по­ли­тич­ка по­зи­ци­ја. Ме­сто пре­зе­ме­ни­те по­те­зи и акти на пре­тсе­да­те­лот Ива­нов да ги сфа­ти на се­ри­о­зен и од­го­во­рен на­чин, ако ве­ќе не мо­же на др­жав­нич­ки, оваа пар­ти­ја, ка­ко и се­ко­гаш, та­ка и овој пат се ре­ши да по­ста­пи во сог­лас­ност со тес­но­пар­ти­ски­те и лич­ни ин­те­ре­си на не­кол­ку­ми­на во пар­ти­ско­то ра­ко­водс­тво. Тие во кон­ти­ну­и­тет го кри­ти­ку­ваа пре­тсе­да­те­лот Ива­нов де­ка, на­вод­но, со да­де­на­та або­ли­ци­ја тој ги пре­кр­шил Уста­вот и за­ко­ни­те во зем­ја­та и де­ка по­ра­ди тоа тре­ба да од­го­ва­ра и да си под­не­се оста­вка. Ду­ри му под­не­соа и ини­ци­ја­ти­ва за от­по­ви­ку­ва­ње.

Во не­кол­ку на­вра­ти до­се­га сум спо­ме­на­ла де­ка це­ла­та по­стап­ка, ка­ко и до­не­се­ни­те од­лу­ки за або­ли­ци­ја, пре­тсе­да­те­лот Ива­нов ги има пре­зе­ме­но во сог­лас­ност и со по­чи­ту­ва­ње на сво­и­те устав­ни и за­кон­ски утвр­де­ни над­леж­но­сти. Исто­то се од­не­су­ва и се­га, ко­га по усво­е­ни­те из­ме­ни и до­пол­ну­ва­ња на За­ко­нот за по­ми­лу­ва­ње, на Ива­нов му се да­де за­кон­ска мож­ност да ги по­ни­шти ве­ќе до­не­се­ни­те од­лу­ки по ба­ра­ње на або­ли­ра­ни­те. Со пос­лед­ни­от по­тег на Ива­нов се сим­на або­ли­ци­ја­та за си­те по­ли­ти­ча­ри во зем­ја­та, освен, се раз­би­ра, або­ли­ци­ја­та на За­ев што му бе­ше по­да­ре­на од то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Не мо­же­ме да за­бо­ра­ви­ме ка­ко За­ев ре­а­ги­ра­ше на або­ли­ци­ја­та то­гаш, ка­ко зап­ла­ка ка­ко ма­ло де­те од сре­ќа што ус­пеа да се спа­си да не оди в за­твор за слу­ча­јот „Гло­бал“. Ин­те­рес­но е што то­гаш СДСМ ре­ши да не го ко­ри­сти слу­ча­јот за по­ли­тич­ки сен­за­ци­о­на­лиз­ми, ка­ко што го пра­ви тоа се­га, ту­ку пре­мол­ча­но ја при­фа­ти од­лу­ка­та на Цр­вен­ков­ски ка­ко уста­вен и за­кон­ски по­ли­тич­ки по­тег на пре­тсе­да­те­лот. За раз­ли­ка од тоа вре­ме, де­нес СДСМ ја по­ка­жа це­ла­та сво­ја хи­сте­ри­ја и не­прин­ци­пи­ел­ност во во­де­ње­то по­ли­ти­ка. СДСМ по­ка­жа ка­ко знае да пра­ви раз­лич­ни по­ли­тич­ки че­ко­ри и да се од­не­су­ва на ди­ја­ме­трал­но раз­ли­чен на­чин ко­га не­што му оди, или ко­га не­што не му оди в при­лог. Исто та­ка, ин­те­рес­но е ка­ко се од­не­су­ва За­ев, кој е се­га ли­дер на СДСМ по од­нос на за­кон­ски да­де­на­та мож­ност да по­ба­ра од Ива­нов уште де­нес по­ни­шту­ва­ње на або­ли­ци­ја­та од 2008 го­ди­на. Ед­но збо­ру­ва во јав­но­ста, дру­го (не)пра­ви во ре­ал­но­ста. Ако За­ев на­ви­сти­на сме­та де­ка е по­ли­тич­ки и прав­но не­вин и де­ка „Гло­бал“ бил гре­шка на јав­но­то об­ви­ни­телс­тво и на судс­тво­то во зем­ја­та, то­гаш зо­што не под­не­се вед­наш ба­ра­ње за ис­пра­ва­ње на гре­шка­та. Зо­што мол­чи и по де­се­ти­на де­на од до­не­су­ва­ње­то на за­кон­ски­те из­ме­ни. Зо­што мол­чат и дру­ги­те або­ли­ра­ни? Да­ли и тие мис­лат де­ка се не­ви­ни, или, на­про­тив, стра­вот од ви­сти­на­та е по­си­лен од си­ле­ње­то пред ме­ди­у­ми­те кој има по­го­ле­ми би­цеп­си, а кој по­го­ле­ми три­цеп­си?

Ка­ко што се дви­жи це­ла­ва ра­бо­та со або­ли­ци­ја­та, СДСМ, нај­ве­ро­јат­но, уште ед­наш ќе се пос­лу­жи со ве­ќе до­бро поз­на­ти­те по­ли­тич­ки три­ко­ви и фин­ти, и ме­сто За­ев да по­ба­ра по­ни­шту­ва­ње и на ста­ра­та або­ли­ци­ја, тој по­втор­но ќе игра на кар­та­та на­пад. Таа кар­та што се­ко­гаш ја игра ко­га ќе оста­не без ни­ту ед­на дру­га. Ко­га не­ма дру­га кар­та што би мо­же­ла да му до­не­се по­до­бра по­зи­ци­ја. Це­ла­та ви­на по­втор­но ќе се ста­ви на пре­тсе­да­те­лот Ива­нов де­ка, на­вод­но, тој со сво­и­те по­стап­ки пра­вел се­ле­ктив­на прав­да во зем­ја­та, и по­втор­но ста­ра­та ше­ма, не­кој друг е ви­но­вен за сѐ. По до­бро поз­на­ти­от терк – из­би­рач­ки­от спи­сок е ви­но­вен за тоа што не­ма из­бо­ри, ме­ди­у­ми­те се ви­нов­ни што СДСМ не­ма по­ли­тич­ка по­ну­да за гра­ѓа­ни­те, фан­то­ми­те се ви­нов­ни што не мо­жат да со­ста­ват не­кол­ку про­е­кти, сон­це­то им пре­чи што све­ти, не мо­жат да се кон­цен­три­ра­ат на про­гра­ма­та, ме­се­чи­на­та е ви­нов­на за од­ли­вот на идеи, и сѐ та­ка по ред. Си­те се ви­нов­ни за не­ус­пе­си­те на СДСМ, са­мо тој е ро­за за ми­ри­са­ње. Ако на­ви­сти­на се бо­ри за вла­де­е­ње на пра­во­то и за ед­на­квост на си­те гра­ѓа­ни пред Уста­вот и пред за­ко­ни­те, то­гаш За­ев не­ка пре­ста­не да ку­пу­ва вре­ме и да та­кти­зи­ра ка­ко по­ли­тич­ки по­кер­џи­ја. Исто­то се од­не­су­ва и на дру­ги­те ли­ца по­кри­е­ни со або­ли­ци­ја­та. И тие тре­ба вед­наш да по­ба­ра­ат неј­зи­но по­ни­шту­ва­ње ко­га ве­ќе по­стои за­кон­ска мож­ност за тоа. Да­ли е на по­ви­док нов по­ли­тич­ки па­зар на СДСМ со або­ли­ци­ја­та, оста­ну­ва да ви­ди­ме. Со ог­лед на тоа де­ка мен­то­рот во мо­мен­тов е пов­ле­чен во иле­га­ла за да смис­лу­ва но­ви по­ли­тич­ки по­те­зи во Ма­ке­до­ни­ја, СДСМ не мо­же да ре­ши што и ка­ко на­та­му. То­гаш ко­га не­го­ви­от ста­ра­тел ќе смис­ли но­во про­дол­же­ние на сце­на­ри­о­то, СДСМ ќе со­оп­шти што ќе пра­ви со або­ли­ци­ја­та. До то­гаш ме­ди­у­ми­те се од­лич­на мож­ност за по­кри­ва­ње на сра­мот на За­ев и на дру­ги­те го­ле­ми об­ви­ни­тел­ски и дру­ги „хе­рои“ пред гра­ѓа­ни­те.

 

Пандов: Заев ни на сон нема да помисли да побара повлекување на аболицијата од Црвенковски

Aleksandar-Pandov-300Ко­га се ра­бо­ти за Зо­ран За­ев, мно­гу одам­на си­те гра­ѓа­ни во Ма­ке­до­ни­ја сме на­вик­на­ти, ка­ко по пра­ви­ло, ка­жа­но­то од За­ев да е ла­га, ве­ли ана­ли­ти­ча­рот Але­ксан­дар Пан­дов, спо­ред ко­го пос­лед­ни­те на­ста­ни ни го по­твр­ду­ва­ат ова не­пи­ша­но пра­ви­ло.

Пандов: Пред очи на це­ла ма­ке­дон­ска јав­ност ли­ков ни твр­де­ше де­ка ко­га би бил во мож­ност да го пов­ле­че по­ми­лу­ва­ње­то од Цр­вен­ков­ски за слу­ча­јот „Гло­бал“, во кој бе­ше об­ви­нет за про­не­ве­ра на осум ми­ли­о­ни евра, тој вед­наш би го на­пра­вил тоа и би са­кал да има су­де­ње. По­ми­и­наа две не­де­ли отка­ко му е овоз­мо­же­но да се охра­бри и да ѝ овоз­мо­жи на ма­ке­дон­ска­та јав­ност, од ко­ја ба­ра под­др­шка за да ја пред­во­ди, во јав­на суд­ска по­стап­ка ја до­ка­же сво­ја­та не­ви­ност.

До­пол­ни­те­лен мо­тив тре­ба да му би­де и фа­ктот што со пов­ле­ку­ва­ње­то на по­ми­лу­ва­ња­та на по­ли­ти­ча­ри­те од стра­на на пре­тсе­да­те­лот Ива­нов, За­ев оста­ну­ва единс­твен жив по­ли­ти­чар што е по­ми­лу­ван, а при­тоа актив­но учес­тву­ва во по­ли­тич­ко­то жи­ве­е­ње, ду­ри е и кан­ди­дат на опо­зи­ци­ја­та за пре­ми­ер­ска функ­ци­ја.


От­ту­ка не е за чу­де­ње што и дру­ги­те од кла­па­та на За­ев го сле­дат не­го­ви­от при­мер и се пра­ват не­до­вет­ни, па исто ка­ко и нив­ни­от ли­дер ни­ка­ко не се ос­ме­лу­ва­ат да ја иско­ри­стат за­кон­ска­та мож­ност и да по­ба­ра­ат пов­ле­ку­ва­ње на по­ми­лу­ва­ња­та за во ре­гу­лар­на суд­ска по­стап­ка да ја до­ка­жат сво­ја­та чес­ност. Искре­но, не ве­ру­вам де­ка ќе се ос­ме­лат да го на­пра­ват тоа, а во слу­ча­јот на За­ев сум си­гу­рен де­ка се­га тој е во те­шка па­ни­ка око­лу слу­ча­јот Пуч, во кој си­те ви­дов­ме ка­ко го уце­ну­ва­ше пре­ми­е­рот со те­ле­фон­ски сним­ки и уште по­срам­ни­от слу­чај ко­га во не­го­ва­та кан­це­ла­ри­ја ба­ра­ше по­ткуп за зем­ји­ште во Стру­ми­ца и твр­дам де­ка ли­це­то Зо­ран За­ев ни во сон го не­ма ста­ве­но ка­ко оп­ци­ја ба­ра­ње­то за пов­ле­ку­ва­ње на по­ми­лу­ва­ње­то од Бран­ко Цр­вен­ков­ски.

 

analiza196-3

Заев со шанса за „три за среќа“: „Глобал“, „Пуч“ и „Поткуп“

Иско­ри­стил или не, но Ива­нов му да­де до­бра шан­са да си го обе­ли сопс­тве­ни­от образ. Не са­мо не­му ту­ку и на со­пру­гот на не­го­ва­та за­ме­нич­ка, поз­на­ти­от Бо­бо Дај­нерс, кој исто као и Со­ња Ве­ру­шев­ска, глас­но мол­чи за мож­но­ста да ја сим­не дам­ка­та од сво­е­то име. Или, мо­же­би, по­ве­ро­јат­но, ужи­ва­ат во ти­ши­на­та и во по­те­гот на пре­тсе­да­те­лот.

Од ед­на стра­на, За­ев се­га мо­же да до­ка­же де­ка е не­вин, тоа што тол­ку го­ди­ни го твр­ди. За про­ме­на, има мож­ност да по­твр­ди ба­рем еден единс­твен сопс­твен исказ. Се се­ќа­ва­те. Збо­ру­ва­ме за чо­ве­кот што не го поз­на­ва­ше Ве­ру­шев­ски, кој за три де­на ќе ја сме­не­ше вла­ста, кој за два ча­са сме­ни три из­во­ри за бом­би­те, кој не пре­го­ва­ра­ше со Гру­ев­ски (че­ти­ри сред­би), за раз­го­во­ри на кои ги не­ма­ше Ми­јал­ков и Гру­ев­ски (а го не­ма­ше са­мо За­ев), за кој Ди­во На­се­ље бе­ше ме­стен­ка во Скоп­је, а во Љуб­ља­на те­ро­ри­стич­ки на­пад исто­ве­тен на тој во Па­риз, ли­дер што лич­но го де­ман­ти­ра­ше офи­ци­ја­лен Тел Авив за ла­га, и на крај ли­дер, кој во де­кем­ври 2015 го­ди­на ги „пре­да­де“ си­те „бом­би“ – а пред ед­на не­де­ла се за­ка­ни де­ка ќе про­дол­жи да ги об­ја­ву­ва… И та­ка на­та­му во не­дог­лед.

Од дру­га стра­на, до­кол­ку За­ев е тол­ку са­мо­у­ве­рен во сопс­тве­на­та не­ви­ност ко­ја и то­гаш ус­пеа да ја „до­ка­же“, ма­кар пре­ку або­ли­ци­ја со еден та­ков, ма­ке­дон­ски „ча­дор“, се­га со но­ви­от, мно­гу по­ква­ли­те­тен од стран­ска изра­бо­тка би тре­ба­ло да не­ма ни­ка­ков проб­лем. На­стра­на, то­гаш би му дош­ле „три за сре­ќа“ – „Гло­бал“, „Пуч“ и „По­ткуп.“

Мар­ке­тин­шки гле­да­но, За­ев би мо­жел да на­пра­ви и гло­ба­лен проб­лем од „Гло­бал“. Вклу­чу­вај­ќи ги стран­ски­те за­штит­ни­ци од „ча­до­рот“, тој би мо­жел, за про­ме­на, на сопс­тве­ни­от град и афе­ра-про­ект да им на­пра­ви и ус­лу­га. Во вид на рек­ла­ма. Мо­же­би, ва­ка стран­ци­те ќе слуш­нат за „Гло­бал“, тр­гов­ски­от цен­тар во Стру­ми­ца. Од дру­га стра­на, мо­же­би ко­га ќе доз­нае за по­год­но­сти­те што ги ну­ди и за со­ле­на­та за­ра­бо­тка на ли­де­рот од „Гло­бал“, и фи­нан­си­ски­от ма­ни­пу­лант и „до­бро­твор“ Со­рос ќе си ку­пи ду­ќан та­му. Се­пак, мно­гу по­ве­ро­јат­но е тоа да го на­пра­ват „ре­жим­ски­те“ про­фи­те­ри Ши­ле­гов или Ге­ро, чи­ја­што нај­го­ле­ма сла­бост е ток­му нед­виж­ни­от имот. За­се­га во Скоп­је, но зо­што не и во Стру­ми­ца. За­вис­но­ста те­шко се ле­ку­ва, осо­бе­но ко­га има тол­ку мно­гу па­ри, а не­ма мир…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 196. број на неделникот „Република“, 3.06.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top