| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО дели плати од 3.000 евра месечно плус додатоци

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска на прес-конференција призна дека информациите што излегоа во јавноста за тоа дека добиваат фантастично високи плати и додатоци кои се движат од 2.500 до 3.500 евра месечно се точни.

nepotizam-sjo

Точни се информациите за личните примања на обвинителите во ова јавно обвинителство. Меѓутоа, сакаме да потенцираме дека сите плати, додатоци на плата се пресметуваат во согласност со законските одредби и не ги надминуваат границите што ги предвидува законот, рече портпаролката на СЈО, Ленче Ристоска.

Таа додаде дека заради специфичноста на работата, доколку се земела предвид и обемноста со којашто се соочувале, вработените во ова јавно обвинителство примале и дополителни надоместоци.

Платата и додатоците на Катица Јанева, кои достигнуваат и до 3.500 евра месечно, очигледно не ѝ се доволни, па како што јавноста веќе знае, Јанева побара од државата да ѝ плаќа и месечна кирија од околу 300 евра за стан во Скопје, иако има два стана на нејзино име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top