| четврток, 6 декември 2018 |

Совршени холивудски фризури

Иако Џенифер Анистон има најсовршена фризура во Холивуд, неодамна во едно гласање, стилистите ја одбраа кратката фризура на Ен Хатавеј за „највлијателен филмски изглед“.

џенифер анистон Хатавеј оваа фризура ја носеше во филмот „Еден ден“ од 2011 година, а потоа и во мјузиклот „Клетници“, филмот за кој годинава доби и Оскар. Благорадение на неа, кратката коса е повторно во мода.

Џесика Бил: Шишки

Џесика Бил

Класична долга коса со густи шишки. Шишките се ваше совршено оружје во борбата со годините. Тие дефинитивно подмладуваат. Но, ако сте решени да носите шишки, мора еднаш месечно да одите на фризер и да ги потшишате, за да изгледаат уредно.

Ен Хатавеј: кратка коса

Ен Хатевеј

Кратка фризура со долги шишки делува женствено и урбано. Ова е идеална фризура за пролет. Лесно може да ја трансформирате.

Шарлиз Терон: момчешка фризура

Шарлиз Терон

Класишна кратка фризура за момче. Оваа фризура им прилега на сите жени со правилни црти на лицето. Многу е лесна за одржување. Но, мора да внимавате, не одговара на сите црти на лицето.

Џенифер Лоренс: долга коса

Џенифер Лоренс

Класична негувана долга коса. Експертите тврдат дека дамите со долга коса изгледаат нежно и убаво. Важно е косата да биде негувана.

Ема Вотсон: средна должина

Ема Вотсон

Коса со средна должина, со благи кадрици. Ова е совршена фризура за млади. Ако имате равна коса, ќе се изненадите од разликата во излгедот што ја прават кадриците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top