| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО работело против одлуките на Иванов и законите

Непочитувајќи ја одлуката за аболиција на шефот на државата Ѓорге Иванов, Специјалното јавно обвинителство денеска на прес- конференција призна дека продолжило да постапува по предметите.

nepotizam-sjo-360x203

Обвинителката Ленче Ристовска призна дека СЈО немало никаков застој по предметите откако претседателот Иванов донесе одлука за аболиција. СЈО ја игнорирало одлуката и не изготвило решенија за престанок на постапките.

-Специјалното јавно обвинителство во моментов води 7 истражни постапки за 60 лица, а нивниот број е во континуиран пораст, соопшти денеска портпаролот на СЈО на прес-конференција.

Овие постапки се фокусирани на финансиски истраги за кои треба определен временски период за да може да се извлечат заклучоци. Целта како што рече Ристовска е да се покаже дека криминалот не се исплати и оние икои го прекршиле законот нема да одговараат само кривично, туку ќе има и материјална казна, односно ќе им биде одземена материјалната корист.

Повторно во нивниот препознатлив стил прејудицираат дека има криминал. Повторно ја заборавија пресумпцијата на невиност, односно основната задача на обвинителството да докаже дали имало или немало криминал. Наместо тоа, Ристовска прејудицира дека криминал имало и тој не се исплател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top