| четврток, 6 декември 2018 |

Милан одби 30-милионска понуда за Ромањоли

romanjoli

Италијанскиот качолигаш Милан одби понуда од Барселона тешка 30 милиони евра за нивниот дефанзивец Алесио Ромањоли, пренесуваат медиумите од Италија.

Младиот дефанзивец прикажа одлични партии оваа сезона во црвено-црниот дрес и се наметна како нов предводник на одбранбената линија на „росонерите“ за долг период.

Раководството на Милан не планира да се раздели со него, па Барселона ќе мора да тргне по други алтернативни фудбалери. Ромањоли дојде во Милан минатото лето од Рома, за сума од 25 милиони евра, и оваа сезна настапи на 40 натпревари, а еднаш се запиша во листата на стрелците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top