На со векови стариот ѕид од тули стои натписот „Туристи, вратете се дома“, а на вториот, пак, е напишано „Туристи, вие сте терористи“.
Иако Шпанија претставува едно од последните места на кои може да се очекува непријателство кон туристите, токму тоа се случува во Палма де Мајорка.
Многу Шпанци почнуваат се повеќе да ги фрустрираат реките туристи кои секоја година се слеваат во градските центри, го попречуваат животот на локалното население и ги загрозуваат локалните ресурси, пишува порталот news.com.au.
Шпанија никогаш не била популарна, во 2014 година земјата ја посетиле 65 милиони туристи, правејќи ја третата најпопуларна туристичка дестинација во светот, веднаш зад Франција (83.7 милиони) и САД (74.8 милиони). Минатата година оваа бројка се искачи на 68 милиони.
Како што летото е се поблиску, се повеќе расте и анксиозноста меѓу населението. На прво место е стравот од терористички напади, на второ место е фактот дека бројот на туристи во оделни градови почнува да се приближува до бројот на жители.
Барселона неадамна го ограничи бројот на туристи кои можат да го посетат славниот пазар Ла Бокерија, сведувајќи ги туристичките групи на максимум 15 членови во време на „шпицот“. Граѓаните, исто така, гласно го изразија своето незадоволство од пијаните туристи и оние кои оставлаат неред зад себе.
Во Палма де Мајорка, во која се појавија графитите од почетокот на текстот, граѓаните се повеќе го избегнуваат центарот на градот, кој секој ден е посетен од околу 22.000 туристи.
Борбата за места за паркирање на Балеарските острови доведе до предлогот на туристите да им се забрани возење со нивните автомобили низ градот, а многумина жители почнаа да ги напуштаат местата во кои живеат.
-Сакаат да не претворат во еден огромен тематски парк, што ноќе ќе ги затвора вратите бидејќи наскоро овде веќе никој нема да сака да живее, изјави Луис Клар од Палме.
„Ресурсите кои ги имаме се ограничени, што значи дека е логично дека и бројот на луѓе кои доаѓаат треба да биде ограничен. Доколку целата економија ја концентрираме на туризмот, ќе бидеме доведени во ќорсокак доколку ситуацијата еден ден се промени. Ваквото сценарио не е одржливо на долги патеки“, додаде работникот Гаспар Аломар.
Резервите од вода на Ибица, на која владее суша, се прилично „тенки“, а во руралната Менорка навалата од туристи може да ги загрози природните знаменитости.
Претседателот на Канарските острови планира да воведе ограничување на бројот на туристи за оваа дестинација да не се претвори во Магалуф – едно од местата во кои масовниот туризам зеде замав и каде однесувањето на туристите (особено од Велика Британија) се повеќе се губи од контрола.
Овие мерки, сепак, предизвикаа негодување кај бројните патнички компании и вработени во хотелската индустрија, кои се грижат дека дополнителните трошоци може да ги избркаат туристите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија