| четврток, 6 декември 2018 |

Кака сепак нема да игра на Копа Америка

kaka

Рикардо Кака сепак ќе го пропушти претстојното издание на Копа Америка откако 34-годишниот ас се повреди непосредно пред почетокот на врвното натпреварување што годинава ќе се одржи во САД. Кака беше дополнително повикан како замена за повредениот Даглас Коста, но поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и на Милан се повреди и сега ќе мора да отсуствува околу три седмици од терените, принудувајќи го селекторот Карлос Дунга повторно да направи промена во тимот.

– Кака го повреди мускулот на последниот тренинг. Прегледите покажаа кинење на мускулни влакна, а лекарите препорачаа мирување од 15 до 20 дена – се вели во соопштението на Фудбалскиот Сојуз на Бразил.

На местото на Кака дополнително повикан е фудбалерот на Сао Пауло, Пауло Енрике Гансо, кој нема настапено за „кариоките“ уште од 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top