Битолчанец, ноќеска околу 1.15 часот на улицата „Александар Македонски“ во Битола, не сакал да застане на знак „стоп“ на сообраќаецот и се обидел да го прегази со огромна брзина.
Полицаецот успеал да се тргне од коловозот, а дваесет и двегодишниот битолчанец изгубил контрола над автомобилот „БМВ“ и за да не удри во службеното полициско возило „шкода јети“ бил принуден да застане.
Откако застанал излегол од возилото и го нападнал полицаецот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Осомничениот бил приведен во ПС ОН-Битола и против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.