Атлетико Мадрид загуби уште една битка за европскиот трон, но најважно за раководството на клубот и за навивачите во моментов е да се убеди Диего Симеоне да остане на „Висенте Калдерон“ уште најмалку една година. Мадридските медиуми информираа дека Чоло во текот на вчерашниот ден имал средба со претседателот Черезо, од кого побарал врвни засилувања во текот на летово, а денеска во шпанскиот главен град собир имаа и навивачите на „јорганџиите“, со цел да дадат поддршка на иницијативата за Симеоне да остане на клупата на Атлетико.
– Чоло остани, ти си еден од нас – беше само еден од бројните извици за поддршка на Симеоне.
Сериозен интерес за Аргентинецот искажува италијанскиот гигант Интер, кој чека финансиска инјекција од нови кинески газди, со чиишто милиони потоа би се обидел да го убеди Симеоне да дојде на „Џузепе Меаца“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Се шегуваа, па ги преминаа сите граници: Еве како француската новинарка се справи со фановите на Барселона (Видео)