Во екот на бракоразводната парница на Амбер Херд и Џони Деп, објавени биле и податоци за финансиската состојба на актерката, па така било откриено дека има сериозни долгови.
Абер од Деп побарала да ѝ плаќа месечна алиментација од 50.000 долари, како и да ги покрие судските трошоци. И додека Џони е еден од најбогатите холивудски актери и се проценува на околу 400 милиони долари, Амбер е во сериозни финансиски проблеми.
Во документите поднесени во судот, откриено било дека таа заработува околу 120.000 долари годишно од своите бизнис потфати, без да се сметаат хонорарите од филмските улоги. Нејзините месечни приходи изнесуваат околу 10.000 долари, но таа троши речиси 44.000 на “основни трошоци”, пишува Дејли Меил.
Во тие “основни трошоци” влегуваат и 10.000 долари месечно на кирија, уште толку на “забави, подароци и одмори”, 2.000 долари месечно на облека, уште 2.000 долари месечно на оброци по ресторани, и дури 300 долари месечно на перење на долна облека.
Покрај тоа, таа секој месец троши околу 10.000 долари на работи како храна и играчки за своите домашни миленици, како и за плата за својот публицист и агент.
Нејзините вкупни приходи минатата година изнесувале 250.000 долари, додека расходите изнесувале 209.000 долари, што значи дека заработката била многу мала.
Славниот пар се разведува во Калифорнија, каде според законите при развод имотот на сопружниците се дели на два еднакви дела, но дека истовремено тие можат да ги задржат наследствата и имотот кој го стекнале пред бракот.
Медиумите пишуваат дека Амбер по разводот ќе биде побогата за околу 15 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.