Припадници на исламистичката група Ал Шабаб денеска упаднаа во хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, убивајќи при тоа најмалку осум лица, јави ДПА.
Според изјави на очевидци двајца бомбаши-самоубиијци со автомобил удриле во влезот во хотелот „Амбасадор“, каде што вообичаено престојуваат бизнисмени и владини претставници. При експлозијата е уништен влезот на хотелот и неколку околни продавници.
Според полицискиот претставник Али Хасан Кулмие, веднаш по експлоцијата борци на Ал Шабаб влегле во хотелот и отвориле оган врз присутните. Обебзедувањето на хотелот успеало да усмрти еден од напаѓачите, пред тој да влезе во луксузниот хотел. Кулмие додаде дека меѓу убиени се и двајца сомалиски пратеници. Безбедносните сили за кратко време го опколиле хотелот и ја расчистиле областа.
Кусо по инцидентот, портпаролот на Ал Шабаб, шеик Абдаисис Абу Мусаб, во изјава за локалното радио Андалус презед одговорноста за нападот. Групата Ал Шабаб се бори за создавање исламистичка држава во Сомалија и дел од мрежата на терориситчката група Ал Каеда и често напаѓа владини и луксузни објекти во Могадишу. При последниот поголем напад на Ал Шабаб врз хотел во Могадишу во февруари годинава загинаа 22 лица, а 30 беа ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале