| четврток, 6 декември 2018 |

Се забранува користењето на автомобилите произведени пред 95 година

Бриселските власти решија од 2018 година да забранат регистрација на автомобили што прекумерно го загадуваат воздухот.

avtomobili

Со мерката ќе бидат опфатени превозните средства со стандардот Евро-1, произведени на почетокот на 90-те години од минатиот век, што е околу 11 проценти од возилата во градот. Причина за одлуката е што 600 луѓе годишно во Брисел умираат од болести на дишните патишта, предизвикани од загадувањето на воздухот.

Забраната нема да се однесува на колекционерските автомобили, произведени пред повеќе од 20 години, кои се малку на број и, според закон, ограничено се возат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top