| четврток, 6 декември 2018 |

Последното интервју на Кустурица: Се повлекувам од јавноста, но не и од Србија

Режисерот Емир Кустурица изјави дека се повлекува од јавноста во Србија, додавајќи дека не може да биде чиновник во Владата со која не се согласува и во која не верува.

кустурица

– Не раскрстив со Србија, само не сакам да учестувам во јавноста, но Србија останува онаа Србија која јас ја сакам и во која ќе живеам и понатаму, но во некоја друга форма – изјави Кустурица во своето последно интервју за „Б92“. Тој смета дека претседателот на Србија Томислав Николиќ одржал брилијантен говор во Хашкиот трибунал во ОН, но во една друга ситуација го обележил сите Срби кои живеат во Босна и Херцеговина како Босанци.

Тој напомена дека не зборува како политичар, ниту пак сака да се занимава со политика, туку говори како човек „кој сака да биде конструктивен и автономен“ и дека „нема намера да влегува во кавга со Николиќ“.

– Само знам дека не сакам да учестувам. Никој кој нема верба во тоа што го работи, не може да биде чиновник на таа Влада – изјави Кустурица, кој додаде дека веќе не е директор на Паркот на природата во Мокра гора како и претседател на Скијачкиот сојуз. Не ги сака парите од државата за „Кустендорф“, ниту пак за својот нов филм „Љубов и војна“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top