| четврток, 6 декември 2018 |

Вилата на Легија никој не смее да ја купи

Вилата на Милорад Улемек Легија во Филмскиот град е дадена на трајно коростење на предучилишната установа „Чукарица“, која во неа отворила „Детска градинка“.

Во другиот дел на ламелата на истата вила, кој не е одземен и ѝ пропаѓа на сопругата на Легија, Александра Ивановиќ, нема никој. А Дирекцијата за озмене имот и Владата на Србија одлучиле вилата на оди на лицитација бидејќи е покорисно да се користи како детска установа.

-Да одеше на лицитација, прашање е дали некој ќе се осмелеше да ја купи, а постоеше можност едиснтвени купувачи да бидат негови соработници и пријатели. Кога се продаваше запленетиот подвижен имот на Дарко Шариќ, купувачите главно беа негови прјатели, вели избор за „Блиц“.

Кога била одземена вилата во 2009 година, пред куќата стоеле соборците на Легија од „Црвените беретки“, а адвокати се обидувале да го оспорат влегувањето на претатавниците на Дирекцијата. Неговата сопруга малку пред тоа демонстративно ги однеса децата кај комшиите. Меѓутоа, пред доаѓањето на претставниците на дирекцијатавилата вила целосно испразнета, дури и струјата вбила исклучена. Останале само опремена кујна и џакузи во бањата.

Соседите велат дека Александра не ја виделе во вилата од 2005 година. Улемек се предаде на 1 мај 2004 година токму пред таа куќа.

-Не доаѓа овде. Никогаш не сме ја виделе, вели еден сосед.

legija-zena

Во 2011 година на Улемек трајно му се одземени 187 квдрати од куќата, поради сомнеж дека вилата е стекната со криминал. Тој во затворот „Забела“ издржава казна затвор од 40 години поради убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, злосторства на земунскиот клан и убиството на Иван Стамболиќ.

Неговата сопруга Александра Ивановиќ во 2004 година го продала својот дел од куќата, ламелата Б, од 149 квадратни метри, а третиот дел го купила нејзината тетка истата година. Сепак, таа се иселила во 2009 година од куќата и живее кај својата мајка во близина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top