| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија регистрирани нови 12 случаи на вирусот зика

­

zika

Според извештајот на „Институтот Роберт Кох“ во Германија во мај биле регистрирани 12 нови случаи на опасниот вирус зика.

Информациите се објавени еден месец откако германските власти најавија задолжителна регистрација на инфицираните од овој вирус. ­

-Работиме под претпоставка дека инфицираните дошле во контакт со вирусот додека патувале во странство, изјави портпаролот на институтот за германските медиуми. Од октомври минатата година во земјата се регистрирани вкупно 56 случаи на зика, иако од институтот велат дека реалната бројка е можеби поголема. „Нема да биде изненадување да има и непријавени случаи, затоа што симптомите на вирусот не се интензивни и инфицираните не бараат лекарска помош- смета институтот.

Вирусот, што се пренесува преку обични комарци, на почетокот на 2016 година брзо се прошири низ Јужна Америка, што предизвика загриженост за последиците по летните Олимписки игри во Рио Де Жанеиро, но Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела објави дека нема потреба од одложување на ЛОИ 2016 затоа што вирусот е присутен во повеќе од 60 земји. Во своето соопштение за јавноста, СЗО апелираше патниците кои патуваат во земјите каде е присутен вирусот да се воздржат од секс без заштита најмалку осум недели по патувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top