| четврток, 6 декември 2018 |

„Гимбел Лудиот“ победник на Фестивалот на монодрамата во Битола

Монодрамата “Гимбел Лудиот” од И.Б.Сингер во изведба и режија на Хауард Рип од Нефеш театар од Израел е добитник на највисоката награда Гран-при за најдобра претстава во целост, на вчера завршениот 15. Фестивал на монодрама во Битола.

Одлуката ја донесе петчленото жири: Мето Јовановски, претседател, Соња Михајлова, Нина Мазур, Вјачеслав Терешченко и Мартин Борткиевич. Покрај оваа награда жирито додели уште и признание за најдобар млад актер на Марина Куклина од Киев, Украина, за изведбата на “Шоша” од истиот автор како и претставата која доби Гран-при, а во режија на Андреј Мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top