Распишан е конкурсот за државната награда „11 Октомври“ со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.
Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Паричниот износ на државната награда „11 Октомври” изнесува петнаесет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година. Во една година може да се доделат најмногу до пет награди. Конкурсот, кој го распишува Министерството за култура трае од први мај до крајот на месецот, 31 мај, 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.