Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во текот на денот од запад ќе се прошири облачност насекаде, а локален дожд ќе има во западните и во северните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 30 степени.
Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Од четврток следуваат денови со претежно сончево време во претпладневните часови, а попладне повремено со услови за изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе опадне за два до три степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.