Селекторот на Италија, Антонио Конте како и повеќето други негови колеги денеска го соопшти конечниот список на фудбалери со кои ќе настапи на Европското првенство во Франција, кое започнува за десетина дена.
„Аѕурите“ можеби ја имаат најслабата генерација фудбалери во својата историја, бидејќи во тимот на Конте нема речиси ниту една голема светска ѕвезда. Единствен таков фудбалер е само Џиџи Буфон, како и тандемот дефанзивци на Јувентус, Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи.
Голмани: Буфон, Сиригу, Маркети
Одбрана: Барѕаљи, Бонучи, Киелини, Огбона, Дармијан, Дешилјо, Флоренци, Џакерини, Ел Шарави, Кандрева, Бернардески
Среден ред: Де Роси, Тијаго Мота, Стураро, Пароло, Џакерини, Ел Шарави, Кандрева, Бернардески
Напад: Пеле, Заза, Имобиле, Едер, Инсиње
Италија веќе нема ѕвезди од калибарот на Паоло Малдини, Алесандро Неста, Андреа Пирло, Франческо Тоти, Алесандро дел Пјеро, Фабио Канаваро, Кристијан Виери или Филипо Инзаги, па италијанската јавност со право се плаши на дебакл на „аѕурите“ на ова Европско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи