Главното жири на XII Интернационален филмски фестивал „Астерфест“ во состав: Русомир Богдановски, Нарциса Даријевиќ Марковиќ и Николас Нојхолд, во конкуренција од 21 краток филм, своите одлуки ги донесе врз основа на уметничкото влијание на филмовите, оценувајќи ги како топли, човечки приказни, кои во потполност го изразуваат мотото „Мали приказни – голем ум“ и ги додели следниве награди:
• Златна потковица за играниот филм „Соседот од горниот кат“ на Поја Бадкобех (Иран)
• Сребрена потковица за документарниот филм „Осветлената темнина“ на Арсим Фазлија (Македонија)
• Бронзена потковица за играниот филм „Пелтек“ на Бенџамин Клири (Ирска)
• Старозлатен проектор за анимираниот филм „Кружно патување на Марето“ на Жарко Иванов (Македонија)
• Авторска награда „Ацо Алексов“ за документарниот филм „Циркус Дебре Беран“ на Лукас Бергер (Португалија/Германија)
• Награда за сценарио „Ѓорги Абаџиев“ за играниот филм „Син“ на Филип Сотниченко (Украина)
• Најдобар краток игран филм за филмот „Никулец“ на Барни Фрајдман (Белгија/Франција)
• Најдобар анимиран филм за филмот „Приказна на мечето“ на Габриел Осорио Варгас (Чиле)
• Специјална диплома од жирито за документарниот филм „Опсег на можности“ на Кристина Пичи (Канада/Шведска/Италија)
• Специјална диплома од жирито за играниот филм „Сипаници“ на Фулвио Рисулео (Италија)
• Специјална диплома од жирито за анимираните филмови „Цртежи на карпи“ на Енрико Диего (Шпанија) и „Маѓепсаниот Гучо“ на Дариа Копиец (Полска)
Специјалното жири во состав: Зоја Бузалковска, Коле Малинов и Никола Сарајлија во категоријата „Мувиленд“, која годинава ја претставуваше израелската кинематографија, наградата за најдобро филмско остварување ја додели на филмот „Мили боже“ од авторите Ерез Тадмур и Гај Натив.
Фестивалот завршува утре, со проекција на филмовите „Жед“ на Димитрие Османли и „Тувалу“ на Вајт Хелмер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура