Повеќе од 40 отсто од тинејџерите во Македонија пушат цигари. Презентирајќи ги податоците од резултатите од спроведени истражувања во Македонија, доктор Силвана Ончева истакна дека од анкетирани 2.430 ученици од прва и втора годинаво 2015 година, 43,5 проценти од машките пушеле во животот, а 13,8 отсто пушеле во повеќе од 40 околности, додека кај женските 33,5 проценти пушеле во животот, а 7,9 отсто пушеле во повеќе од 40 околности.
Учениците најчесто првата цигара ја земаат на 15-годишна возраст што претставува 15 проценти, додека четири отсто првата цигара ја зеле на возраст помала од девет години.
Во Македонија во 10 центри за јавно здравје има Советувалишта за откажување од пушење, кои се достапни од август 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.