| четврток, 6 декември 2018 |

Атина: Прашањето за Чамите не постои

Chameria is AlbanianПрашањето за Чамите не постои и постојаното повторување на непостоечко прашање од официјалните албански власти не е во прилог на нашите билатерални односи.

Вака накусо гласи реакцијата од грчкото Министертво за надворешни работи во врска со последната изјава на шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати дадена за тиранската телевизија Топ чанел, во која тој се задржува на прашањето на Чамите, протераните Албанци од областа Чамарија-Грција.

– Веста ја објавува грчката државна новинска агенција, која цитирајќи извори на грчкото МНР, на многу јасен начин наведува дека „Чамите соработувале со фашистичкиот и нацистички окупатор и оти си заминале заедно со нив од Епир, во групи, следејќи ги непријателските сили, пренесува тиранската телевизија Топ-чанел.

Истиот извор наведува дека грчките медиуми во веста ја додаваат и оценката на Бушати дека албанско-грчките односи се многу добри и оти се темелат на реципроцитет, праведен и фер дијалог и одговорност меѓу две соседни земји, членки на НАТО, со погледи кон заедничката европска иднина и кои ги почитуваат уставни традиции, како и модели на меѓународното право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top