| четврток, 6 декември 2018 |

Панорамските автобуси возат по редовни линии

Десет од петнаесетте панорамски двокатни автобуси почнаа да возат на редовните градски линии на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје  и сообраќаат на линиите на автобусите 5, 15а, 3, 7, секој ден од 9 до 17 часот.

Panoramski avtobus

Од ЈСП информираат дека наскоро и останатите пет ќе станат дел од градскиот превоз.

„Со оглед на временските услови, одлучивме автобусите да ги вклучиме во редовен сообраќај уште од минатата недела. Сметаме дека температурите се погодни, но, за секој случај возат со скратено време, односно до 17 часот. Во случај да заврне, патниците ќе бидат заштитени со монтираните церади“, соопшти ЈСП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top