| четврток, 6 декември 2018 |

ИД планирал напад врз британските навивачи за време на ЕП во Франција

navivaciЏихадистите од Исламска држава на претстојното Европско првенство во фудбал во Франција планирале бомбашки напад врз навијачите на „Трите лава“ (британската фудбалска репрезентација) и тоа за време на натпреварот со Русија, објавија денеска британските медиуми.

Британските медиуми тврдат дека борците на ИД планирале нападот да го изведат со бомбаш самоубиец, со оружје, па дури и со дронови што би распрскувале хемиско оружје врз навијачите за време на натпреварот со Русија во Марсеј.

Полицијата наведува дека на лаптопот што го користел Салах Абделаслам (организаторот на нападите на Париз и Брисел) пронашла планови за напад врз навијачите кои на 11 јуни ќе се соберат во Марсеј, пренесува британски „Сан“.

Како што пишува овој таблоид, најмногу се стравува од тоа следбениците на Абделаслам да ги поседуваат неговите планови и да имаат намера да ги спроведат нападите и покрај неговото апсење.

Шефовите на британските служби за безбедност укажуваат на опасноста исламските екстремисти да планираат да пукаат врз навијачите надвор од стадионите, додека, на пример, пијат пиво по пабовите, надвор од „фан-зоните“.

„Баровите полни весели, пијани навијачи се многу лесни цели“, предупреди еден високо позизициониран полициски претставник и додаде дека заради адекватните мерки на внимателност засилена е соработката со француските колеги.

Европското првенство ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули во повеќе градови од Франција.

По терористичките напади во Брисел Европската фудбалска федерација (УЕФА) во март издаде соопштение во кое наведе дека претстојното Европско првенство во Франција ќе биде организирано на највиско безбедоносно ниво.

Францускиот премиер Мануел Валс по минатогодишните напади во Париз рече дека првенството ќе биде одржано и дека тоа ќе биде најдобриот одговор за терористите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top