| четврток, 6 декември 2018 |

Награда „Душан Љубисавлевиќ“ за дебитант, „Драган Каранфиловски-Бојс“ за вокална интерпретација

Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се монтира сцената за 31 издание на Фестивалот на забавна музика „Макфест“. Директорот на фестивалот „Макфест“, Љупчо Мирковски на денешната прес-конференција истакна дека во завршна фаза е и продукцијата на компакт дискот со 30-те композиции, а оваа година фестивалот почнува на 2 јуни.

– Оваа година имаме 23 домашни и седум странски изведувачи, со што на годинашниов фестивал му даваме одреден меѓународен карактер. Ги имаме стандардните награди, а од оваа година наградата за дебитант ќе се вика „Душан Љубисавлевиќ“ во чест на Дуле кој настапи на „Макфест“ како дел од дуото Дуле и Коки, а наградата за најдобра вокална интерпретација ќе се вика „Драган Каранфиловски-Бојс“. Овие награди се во чест на нашите прерано заминати колеги кои беа дел од фестивалот, вели Мирковски.

Смета дека композициите кои се избрани ќе го задоволат вкусот на поголемиот дел од јавноста. „Макфест“ ќе се оддржи на 2,3 и 4 јуни со директен пренос на МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top